јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Што е Трговски Центар Бизнис?

Трговски Центар Бизнис е сервис за бизнис решенија, дел од Трговски Центар, пионер и лидер во електронската трговија во Македонија коj обезбедува веб продавници од 2009 година.

Трговски Центар Бизнис е единствен комплетен сервис за интернет трговија во Македонија и во регионот, кој нуди комплетно клуч на рака решение за електронска продажба, достапно веднаш на Ваше барање. Решението вклучува професионален веб сајт, организиран каталог, наплата на трансакции, организирана испорака, маркетинг стратегија и други услуги потребни за водење бизнис на Интернет.

Преку партнерството со компанијата Инфопроект, на нашите клиенти ексклузивно им овозможуваме комплетно интегрирано решение за интернет бизнис, кое обединува систем за интернет трговија и систем за деловно работење. Системот за деловно работење вклучува магацинско, сметководствено, кадрово, производствено управување итн., кое заедно со системот за интернет трговија е основа за професионален и успешен бизнис.
 

За компанијата

Трговски Центар Бизнис е сервис овозможен од специјализираното друштво Интернет Трговија ДООЕЛ, додека техничката платформа ја разви и одржува софтверската компанија Акота ИНГ ДООЕЛ.

Компанијата Интернет Трговија е основана во октомври 2009 година. Тимот кој стои зад Трговски Центар, посветено работи на унапредување на платформата и услугите. Следејќи ги нашите основни вредности и соработувајќи со нашите надворешни партнери, се обидуваме да обезбедиме врвна услуга на нашите клиенти и континуиран развој на нивниот бизнис.

Мисија и визија

Мисија

Трговски Центар Бизнис има мисија да биде најквалитетен и најголем сервис за услуги за интернет бизнис во Македонија, преку постојан развој на иновативни услуги и фокусирање на деловниот успех на своите клиенти.

Визија

Визијата на Трговски Центар Бизнис е растечки еко-систем околу својата услужна платформа, кој с е состои од професионални партнери, профитабилни и успешни клиенти и задоволни интернет купувачи со извонредно корисничко искуство.

Податоци за контакт

Интернет трговија ДООЕЛ
ул „Франклин Рузвелт“ бр.39 кат 1
1000 Скопје
Телефон: 02 / 3224 784
Факс: 02 / 3224 711