јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

 

Креирајте и дизајнирајте убава веб продавница

Избор на професионални теми

Теми креирани според категоријата на производите кои ги нудите. Секоја тема има убаво осмислен дизајн и првично доаѓа со основни прилагодувања. Вие понатаму може да ја менувате структурата многу брзо и лесно. Промените може веднаш да ги прегледате и да одлучите дали ќе ги објaвите. 

 

 

Едноставниот и лесен јазик кој се користи за прилагодување на темите на Трговски центар ви го поедноставува прилагодувањето на секој аспект од темата за вашата продавница. 

Имате целосна контрола врз дизајнот на вашата продавница. Разгледајте што нашите клиенти имаат направено со нивните теми. Нема лимит на тоа колку квалитетно може да се изработи вашата продавница!

 

Повик до сите дизајнери!

Без дизајнeрски ограничувања, лесно употреблива административна платформа и без трошоци за хостинг. Овие се само неколку од причините зошто трговците и дизајнерите ги избираат продавниците на Трговски Центар. 

Лесно е вашата визија да ја претворите во убаво дизајнирана тема, за потоа да имате целосно функционална веб продавница која ќе привлекува многу нови купувачи.

Целосна контрола врз навигацијата на вашиот вебсајт, содржината на страниците и дизајнот. Трговски центар ви овозможува лесно управлив Content Management System во прилог на вашата онлајн продавница. Хостингот на вашата веб продавница  на Трговски центар е лесен и бесплатен.

 

 


Управувањето со вашата продавница е едноставно и брзо

Почнете да примате нарачки уште веднаш

Продавницата на Трговски центар вклучува сè што ви треба да го проширите вашиот бизнис со веб-продавница и да почнете да продавате на интернет.

Темата се избира брзо и лесно според категоријата на која припаѓаат вашите производи. По комплетирање на основните податоци за вашата компанија, веднаш може да започнете со процесот на додавање производи и примање нарачки. Можете да почнете со продажба истиот ден кога ќе се регистрирате.

Moжете да примате повеќе нарачки во минута откако ќе ја креирате вашата веб продавница и пуштите со отворена продажба. 

Административна платформа со сите потребни алатки

Во администрацијата на вашата продавница достапни ви се опции за преглед и внесување на производи, избор на промотивни акивности, како е-билтен, систем за лојалности и групни попусти  и афилијативна програма. Исто така имате целосен преглед на сите нарачки и статусот на нивната испорака. Со ова вие добивате предност во однос на конкуренцијата, преку зголемување на вашите маркетинг способности, подобрување на вашата SЕО оптимизација, помагајќи ви да ги пратите продажните трендови, и многу повеќе.

Трговецот има посебен дел каде што има преглед на неговите сметки, фактури и профактури.

Детални кориснички профили

Делот за корисниците во администрацијата на вашата продавница ви овозможува да ги запознаете вашите купувачи подобро. Може да најдете информации за контакт и историја на нарачки кои тие ги направиле.

Флексибилен CMS (Content Management System)

Прилагодете го изгледот на вашата он-лајн продавница со едноставен CMS кој е прилагодлив во секој аспект на темата на вашата продавница. Уредувањето на содржините е многу лесно со едноставна Drag'n'Drop постапка.

Секоја тема доаѓа со своја посебна структура, за да може брзо и лесно да се создаде прилагодена продавница.

Новите функционалности на нашиот систем ви овозможуваат да ги прегледате промените веднаш и да одлучите дали ќе ги објавите.

Интегрирана блогерска платформа

Трговски центар вклучува целосна блогерска платформа која ќе ви помогне да се вклучите во интернет заедницата и да бидете во непосреден контакт со вашите купувачи.

Статиите на блогот се категоризирани, а вие со интересен блог пост можете да привлечите повеќе постители, да поттикнете дискусија и коментари за вашите производи.  Блог страните се клучни за Google оптимизација на вашата веб страна или продавница.

 

Наплаќајте со кредитни и дебитни картички со целосна сигурност

Заштитете ги вашите купувачи

Одберете метод на плаќање кој најмногу ви одговара! Ви нудиме повеќе начини на плаќање кои може да им ги понудите на купувачите, како: кредитни и дебитни картички, плаќање со готовина или плаќање со банкарски налог.

Обезбедете им на вашите купувачи безбедни електронски трансакции. Вашите купувачи ќе се чувствуваат сигурно кога ќе купуваат производ од вашата продавница со поседување на SSL сертификат.

Гарантирана наплата и намалување на ризици

При самите нарачки Трговски центар гарантира наплата на со самото пристигање на нарачката. Наплатата на една нарачка е сигурна, без разлика дали е од кредитна картичка или банкарски налог.
Дополнитално, нашиот интерен систем за заштита од измами ги следи нарачките и ја намалува можноста за нарачки со сомнителни картички и од нанесување на можни штети.

Брза и ефикасна испорака!

Брза и ефикасна испорака на производите! Трговски Центар има склучено договор со компании за брза испорака. При креирањето на продавницата вие може да изберете кои начини на испорака ќе ги користите. Секако, може да користите и ваш нов тип на испорака.

Двојазичност и валути

Во вашата веб продавница ќе може да се плаќа со повеќе валути. Купувачите може да избираат во која валута ќе се прикажуваат цените на производите. Исто така, при креирање на содржини имате опција за англиски јазик. Вие веднаш можете содржината да ја преведете и така вашиот сајт/ продавница ќе има верзија и на англиски јазик. 


Неограничен хостинг, насекаде

Неограничен интернет сообраќај

Не ви наплаќаме за сообраќајот, бидејќи го поттикнуваме и почитуваме успехот.

Гарантирана достапност до 99.8%

Работиме напорно за да се осигураме дека вашата продавница секогаш е онлајн. Во зависност од користениот пакет на услуги,ви гарантираме достапност до 99.8%.  Исто така, сите нови верзии на постоечки функционалности кои ги воведуваме, достапни ви се веднаш без потреба од посебна надградба на пакетот.

Ваш сопствен домен

Добивате ваш сопствен домен (www.mojaprodavnica.mk и www.mojaprodavnica.tc.mk) кој е вклучен во цената на пакетот.  Ако имате веќе постоечки домен, има можност за миграција на истиот.

 

Вашата продавница во рацете на купувачите

Мобилна верзија

Со зголемувањето на онлајн нарачките преку мобилен во регионот и ширум светот најдобрите веб продавници веќе имаат мобилна верзија. Имате шанса да станете дел од трговците кои користат продавница оптимизирана за мобилен и да направите поголем обрт на вашите средства и истовремено да сте достапни за вашите корисници во секое време и на секое место. Во вашиот пакет на Трговски центар е вклучeна и бесплатна мобилна кошничка. Ова значи дека вашите клиенти можат да разгледуваат и да купат од вашата продавница, додека се во движење, со користење на паметен телефон!


Споделете ја вашата продавница со светот

Интернет маркетинг алатки

Систем за лојалност и групни попусти

Системот на лојалност и групни попусти ви овозможува да ги придобиете сите ваши редовни и потенцијални купувачи. Со системот за попусти можете да им овозможите на вашите клиенти разни типови на попусти кои се креираат на многу лесен и едноставен начин. Системот за попусти ви овозможува креирање на таргетирани попусти: попуст на цена, бесплатна испорака, подарок со секој купен производ, попуст за одредени производи, групен попуст, доделување на поени на стални купувачи, подарување купони.

Афилијативна програма 

Афилијативната програма ќе ви ја зголеми продажбата и промоцијата на вашите производи или услуги. Со отварање на интернет продавницата на Трговски Центар, вие добивате пристап до афилијативниот систем и веќе може да одредувате провизија за вашите производи кои ќе ги промовираат и продаваат афилијативните партнери. Aфилијативните партнери се сопственици на блогови, портали и веб сајтови. 

Со афилијативната мрежа на Трговски Центар, ќе ви се намалат трошоците за маркетинг и со многу помал ангажман ќе ви се зголеми продажбата. Отворете интернет продавница со афилијативна мрежа за која му плаќате на афилијативниот промотер одреден процент кој вие го одредувате.

Желботека

Желботека е систем за подароци на кој корисниците се регистрираат и ги додаваат продуктите кои сакаат да ги поседуваат во желботека. Со желботека вие имате аналитики преку кои гледата како корисниците и нивните пријатели ставаат ваши производи во нивните желботеки. Исто така кориисниците може да внимаваат на важните датуми на оние кои ви се најважни во животот . Со искористување на информациите на корисниците на желботека, трговецот може подобро да ја презентира својата понуда кон пазарот. Се добива табела и извештај со додавани продукти во желботека. Тука спаѓаат попустите и маил листите. На располагање стои база на податоци од подароци и желби кои луѓето ги посакуваат. Може да се искористи за да се стават попусти на продукти доколку тие се посакувани од страна на корисниците. 

На пример ако родендените или битните настани на повеќе корисници се во ист временски период и исто овие корисниците имаат исти подароци во својата желботека вие можете да поставите повик за акција-попуст на овие производи. На овој начин имате потемелен и подлабок преглед на таргет групата. Доколку ставит попуст на производ тогаш автоматски се известуваат сите корисници кои го имаат тој производ дека истиот е на попуст. Ова известување може да биде преку дневниот билтен или неделниот билтен во кој се агрегирани најатрактивните производи и производите на попуст. Преку смарт-маилер листата можете да испратите пораки само до посакуваните корисници.

 

SEO (Search Engine Optimization)

Сегашните и потенцијалните клиенти треба на лесен начин да ја најдат вашата продавница кога ќе ја побараат на некои од интернет пребарувачите. Затоа ви е потребна добра СЕО оптимизација, која ја добивате со продавницата на Трговски Центар. Оваа оптимизација ги вклучува насловите, мета таговите и клучните зборови, кои најдобрите веб пребарувачи ги употребуваат кога корисникот ќе пребарува. Креирањето на линкови на производите мора се креираат со името на производот а не со бројот на категорија.

Интеграција со социјални мрежи

Сите теми на Трговски центар содржат блокови  за интегрирање со социјални медиуми, дозволувајќи им на вашите клиенти споделување на различни теми и производи.

Smart mailer

Насочете ги вашите клиенти да се регистрираат за да ги добиваат најновите информации во врска со вашата продавница. Потоа имате можност да им праќате таргетирани мејлови според бројот на посети, видот на производи кои ги разгледувале, нарачките по купувач и пребарувањата за одредени производи.Со Smart mailer можете да таргетирате: компании, купувач (корисници) по одредени акции направени на вашата продавница.

Желботека 

Желботека е сервис за подарување на кој купувачите имаат пристап до производите т.е желбите на своите Facebook пријатели пријатели кои ги имаат додадено во сопствените желботеки.Исто така на Желботека се прикажани зделките кои се актуелни или купувачите ги додале во сопствените желботеки.Исто така секој сопственик на store.mk има преглед кои производи му се најдодавани во Желботека.Доколку сопственикот на Store.mk овозможи попуст на производ додаден во желботека на купувачот автоматски му се праќа Smart меил дека за производот кој го има во Желботека има попуст.