јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Услови за управување со продавниците на ТЦ

За кого се наменети пакетите?

За сите трговци кои сакаат да ја изложат нивната понуда на интернет и на тој начин да го зголемат бројот на нивните клиенти.

На Трговски Центар сите се добредојдени, од мали, средни па се до големи претпријатија. Покрај комплетното решение за отварање и управување со вашата веб продавница, ние ви нудиме и можност вашите производи да бидат изложени на страната на Трговски Центар.

Сакате вашите производи да се подостапни до купувачите? Изложете ја вашата понуда на страната на Трговски Центар и ќе добиете и ваша продавница со екстерен домеин (пример : prodavnica.com.mk) уште сега без дополнителни трошоци. Придружете ни се и откријте ги предностите на онлајн трговијата.

Што ми е потребно за да ги користам услугите на Трговски Центар?

За да започнете со користење на услугите потребно е да се регистрирате за еден од пакетите кои се понудени. Не треба никаква дополнителна инсталација на софтвер или некаква апликација. Веднаш сте спремни да започнете.

Кои начини на плаќање им се достапни на купувачите?

Плаќањето се врши со електронска картичка, а ние им гарантираме сигурност и заштита на личните податоци на купивачите. Сите податоци се пренесуваат преку сигурна енкриптирана врска .Со цел да овозможиме највисоко ниво на сигурност за нашите купувачи, пуштивме во употреба наш систем за oсигурување од измами (Fraud management) по углед на најреномираните компании од оваа област како PayPal или Moneybookers.Исто така е интегрирана наплата со банкарски налог и наплата на врата.

 

Кој се грижи за испораката на производите?

Трговски Центар има склучено договор со фирми за испорака на производи. Ваше е само да отворите веб продавница. Испораката на нарачките се извршува согласно со избраните методи за испорака и производите се доставуваат до адресата која е наведена од страна на купувачот.

Дали треба веќе да имам своја веб страна?

Со самото отварање на продавница на Трговски центар, вие добивате своја веб страна, чиј домен може да биде www.mojaprodavnica.tc.mk или само www.mojaprodavnica.mk. 

Кои се моите трошоци при отворање на веб продавница?

Хостингот,техничка подршка во случај да има некои грешки во системот гo добивате бесплатно. При успешна нарачка Трговски Центар наплатува провизија во зависност од пакетот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Што ми е потребно за регистрација?

Откако ќе го одберете посакуваниот пакет на www.store.tc.mk и ќе се регистрирате, потребно е да ги доставите следните документи: 

  • Тековна состојба од ЦРМ, или решение за регистрација, не постари од 6 месеци
  • Потпишан договор во два примерока (ЛИНК до договорот)
  • Копија од лична карта
  • Биланс на состојба или биланс на успех
  • Копии од банкарски картон

на адреса: Трговски центар, Акота ИНГ ул. „Орце Николов“ бр.68 1000 Скопје Македонија

По исполнување на овој чекор, доколку се е во ред со документите, вашата компанија и продавница ќе бидат активирани, а со тоа ќе бидат достапни и јавните страници на вашата продавница. На тој начин Вие започнувате со работа. Ова е со цел да се спречат измамите за полесно да ги заштитиме купувачите .

 

Управување со веб продавница

Колку производи можам да поставам на мојата продавница?

Бројот на производи кои може да се постават на веб продавницата е во зависност од пакетот кој го имате избрано. За секој пакет посебно наведен е дозволениот број на производи.

Како се додаваат карактеристиките на производите?

За секоја категорија на производ се генерираат стандардни карактеристики (пример за облека стандардни карактеристики се: величина, боја, материјал...)  за кои ќе треба да внесете величини.Стандардните карактеристики се со цел да се олесни пребарувањето. Останатите карактеристики на производот се внесуваат во деталниот опис.

Како да управувам со залихите на производите?

При внесувањето на производот треба да го внесете и бројот на производи на залиха за тој производ да биде достапен за купувачите. Спрема потпишаниот договор трговецот се обврзува барем еднаш неделно да ги ажурира залихите.За секоја варијанта на производот мора да внесете залиха за таа да биде достапна. Менувањето на залихите е многу едноставно и може да го направите во секое време со менување на вредноста која е внесена во полето за залиха.

Доколку се работи за трговец со поголем број на производи има опција веб продавницата да се интегрира со системот за деловнос работење на самата трговска компанија. Доколку клиентот не поседува систем за деловно работење тоа можеме да го добие со пакетите Тотал. 

 

 

Каков избор имам при дизајнирањето на продавницата?

Трговски Центар ви нуди избор од повеќе различни дизајни според категориите на вашите производи. Откако ќе изберете дизајнот кој вам ви одговара имате можност да го уредувате со промена на боите, додавање слики, лого и блокови. Уредувањето на продавницата е многу лесно со едноставна Drag’n’Drop постапка.

Препораки за трговците

Онлајн продажбата бара сериозна работа и посветеност со цел да се обезбеди непречен и професионален однос со купувачите, бидејќи не е секогаш лесно да се пресретнат очекувањата и желбите на купувачите.

Една од основните работи кои ќе овозможат убаво шопинг искуство за купувачите е претставувањето на производите со високо квалитетни слики и конзистентни и детални описи. Исклучително важна е и поддршката која купувачите треба да ја добијат во секое време, па затоа бидете ажурни и не дозволувајте тие да чекаат.

Секогаш имајте на ум дека доколку не ги задоволите барањата на купувачите, тоа може да доведе до:

  • Лоша оценка за вас како трговец
  • Лошо корисничко искуство кое брзо може да се пренесе и на другите купувачи
  • Откажување на трансакцијата
  • Губење на лојалноста на купувачот

И секако, задолжително е да се почитуваат општите услови за користење на услугите на Трговски Центар.

 

Управување со нарачки

Каде можам да ги видам нарачките?

Во администрацијата на продавницата имате пристап до сите нарачки кои се направени. Имате целосен увид во деталите за нарачките, како и за типот и статусот на испораката.

Кои се моите одговорности при секоја нова нарачка?

Логирајте се за да пристапите до администрацијата на продавницата во делот „Нарачки“. Со клик на бројот на нарачката ќе ви се појави истата десно се наоѓа копчето на кое со клик се отвара записникот за испорака. Испечатете го во 3 примерока. Едниот примерок, на кој треба да се потпише доставувачот, е за вас, а другите два примерока треба да му ги предадете на доставувачот. Од тие два примерока едниот останува во Трговски Центар, а другиот го добива купувачот при испорака на производот. 

Што се случува доколку не можам да ја испорачам нарачката?

Во тој случај можете да ја откажете нарачката во административниот дел на вашата продавница.

 

На кој начин функционира испораката?

Подгответе ја нарачката за испорака и контактирајте ја копанијата која е наведена во записникот за испорака. Трговски Центар има договор за користење на услугите на две компании за испорака: Глобко- ГЛС и Курир.

Вообичаени проблеми при пакувањето на производите за нарачка:

а) Трговецот користи преголема или премала кутија, која може да предизвика оштетување за време на превозот. Треба да се внимава кутијата во која е спакуван производот да е соодветна.

б) Трговецот е обврзан да користи доволно заштитен материјал за време на превозот. Не заборавајте да користите заштитен материјал како пена, сунѓер, фолија со меурчиња, итн. На овој начин ќе им пренесете порака на купувачите дека инвестирате во сигурна испорака.

в) Ако трговецот користи слаб селотејп за да се затвори пакетот може да предизвика неочекувано отворање за време на превозот.

г) Неправилни етикети и назнаки на пакети. Секогаш бидете сигурни дека сте го обележале пакетот со точните информации за испорака.

 

Можам ли да користам сопствена достава?

Во административниот дел можете да внесете ваши типови на испораки доколку ги поседувате или имате потпишано договор со компанија која врши испорака.

Како можам да интегрирам бесплатна достава за производите?

Во системот за попусти имате можност да внесете бесплатна испорака на конкретни производи. Потребно е јасно да се одбележи за кои производи се однесува бесплатната испорака, за кој период или може да се внесе бесплатна испорака  за одредена сума при нарачка.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Што се случува доколку е пречекорено времето за достава и производот не е испорачан?

Контактирајте го сервисот за испорака и проверете со нив зашто се уште не е испорачан производот. Ако има проблем ве молиме контактирајте не нас за да се најде решение во соработка со компанија за достава, за да ви помогне да го решите вашиот проблем.

Што кога производот е ажуриран како испорачан, а не се ви исплатени средствата?

Ако согласно со договорот и Општите услови на Трговски Центар, средствата се уште нe ви се префрлени на сметка и тоа е повеќе од 15 дена од денот на испорака, ве молиме контактирајте не за да провериме и да поправиме било каква грешка.

Провизија се одзема само на производи и услуги кои ќе се продадат преку Трговски центар или вашата веб продавница. Износот на провизија зависи од pакетот  на продавница и се пресметува како процент од нето производ.

Износот на провизија за секоја успешно изврешена  трансакцијата и сите елементи се достапни во вашата администрација на разгледување на секоја нарачка за која добивате и фактура за одземената провизија.